ПРОТЕСТ УТРЕ ВО 18 ЧАСОТ: Ако и за ова не “мрзи”, не заслужуваме држава

Утре (понеделник) со почеток од 18 часот ќе се одржи протест пред Владата во Скопје поради скандалот со Клиниката за онкологија.

„Ве повикуваме на протест пред Владата, каде заедно ќе го искажаме гневот и револтот против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за онкологија. Протестот од Влада ќе продолжи пред Министерството за здравство каде ќе повикаме на оставка и ОДГОВОРНОСТ од сите министри за здравство!“, стои во објавата на организаторот.

„Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија кои со месеци во животно-загрозувачка состојба чекаа лекови, додека лековите завршуваа на црниот пазар во Косово. Се работи за организиран криминал каде се инволвирани највисоки функционери на власта и истиот трае со години“, стои во описот на настанот објавен на Facebook.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.