Прослава во МЗШВ: Земјоделците солзи ронат, а во министерство коктели се прават (ВИДЕО)

Вистинска коктел забава со алкохол и мезе денеска се случуваше во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по повод заминувањето на Љупчо Николоски и доаѓањето на новиот министер Трајан Димковски.

И додека досегашниот и новиот министер си прават коктели, македонските земјоделци солзи ронат поради сите проблеми со кои се соочуваат.

Земјоделците од Овче Поле, Тиквешкиот, Струмичкиот и другите земјоделски региони низ државата се оставени сами да се снаоѓаат со проблемите- со водата за наводнување, со фрлањето на произведеното на буниште…

Земјоделството во изминативе години е ставено на страна. Селата низ државата забрзано се празнат, а се повеќе ниви остануваат необработени, бидејќи нема ништо од ветувањата кои оваа власт им ги даде на земјоделците.

Извор: “Курир”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.