Српскиот претседател Александар Вучиќ во вечерашното вонредно обраќање до јавноста за полититичката и економсата криза околу воениот конфликт во Ураина, изјави дека Србија на барање на Северна Македонија ќе ѝ испорача 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка.
– Добивме барање од Македонија и ќе им доставиме, затоа што имаме повеќе од доволно. За сите земји во регионот. Имаме доволно мелено пченица, доволно ни е и брашното. Апсолутно нема да имаме проблеми со пченицата и пченката. Кога зборувам за пченка, мислам и на фуражна сточна пченка, така што нема да недостасува ништо и за сточниот фонд.
Донесовме одлука дека сè уште нема да го ограничуваме извозот, бидејќи нашите земјоделци треба да заработат. Подготвивме мерки за ограничување на извозот на пченица и пченка на 20 отсто од вкупното производство, доколку има потреба. Но, засега немаме апсолутно никакви проблеми – рече тој.