Археолозите го пројадоа можеби најстарото населено место во Египет, во делтата на реката Нил, кое датира од пред 7.000 години до неолитското доба.
Египетското Министерство за антиквитети објави дека ова епохално откритие се наоѓа на локалитетот северно од Каиро, на подрачјето Тел ел-Самаре.
Француските и египетските археолози наведуваат дека пронашле неколку “силоси” за складирање намирници, во кои покрај делови од керамички и камени алатки, пронајдени биле и органски материи како животински коски и остатоци од лекови (специфични растенија).
Ова село било основано околу 2.500 години пред изградбата на првите пирамиди во Гиза, кои важат за најстарите и најпознати градби во Египет.
Archaeologists unearth village in Egypt older than the pharaohs https://t.co/e0L6OOxIT4 pic.twitter.com/0shd7S1uaQ
— FOX 61 (@FOX61News) September 3, 2018
Archaeologists believe they have unearthed one of Egypt's oldest-known settlements in the Nile Delta, dating back some 7,000 years to the Neolithic era https://t.co/tkxW9rTdeb pic.twitter.com/2SeJsWRgD0
— CNN (@CNN) September 8, 2018