Теоретичарите на заговор тврдат дека Библијата има “скриени” делови кои предвидуваат дека Шпанија ќе биде уништена од џиновско цунами.
Наводно прв ќе биде погоден островот Кумбра Вијеха Кумбре, недалеку од туристичката атракција Тенерифе.
Според тврдењата до разорување ќе дојде кога ќе експлодира вулканот на Канарските острови, што ќе предизвика огромни бранови. Тогаш ќе биде погодена и северна Африка.
Теоретичарите на заговор дошле до овој заклучок преку толкувањата на Библијата во специјална компјутерска програма која го толкува значењето на скриените зборови.
“Оние што нема да се спасат, ќе плачат во своите уништени домови, ако имаат среќа да преживеат”, се наведува.
Ф.Г.