Пред една гробница во село северно од Солун, овчар пронашол црна торба во која се наоѓале две тегли. Во двете тегли имало по еден ембрион во формалдехид, пренесе грчката полиција.
Овчарот ја пронашол торбата во селото Врисаки, а кога ја отворил, веднаш повикал полиција.
Полицијата навела дека ембрионите биле во 20-та недела на развој.
Однесени се на патолог, а полицијата покренала истрага, пренесува агенцијата “AP”.
Ф.Г.