Сношти во просториите на кино салата „Мис Стон“, Институтот „Јунус Емре“ од Скопје и Општина Прилеп го организираа настанот “Промовирање на традиционално турско кафе” и „Проекција на турски филм“.
На отварањето на програмата посветена за промовирање на традиционално турско кафе и проекција на турски филм, поздравен говор имаа: директорот на институтот „Јунус Емре“ од Скопје доц. др. Мехмет Самсакчи и градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Марјан Ристески.
Гостите, имаат можност да проследат промотивен видео материјал за Институтот Јунус Емре, потоа млaди девојки облечени во традиционална турска женска носија презентираат како се приготвува традиционално турско кафе.
По презентацијата на традиционалното турско кафе, љубителите на филмската уметност имаа можност да го проследат турскиот филм со наслов “Љубовта ги сака случајностите”.