Неодамна излезе од печат книгата ”Ѕвездени окови”, првенче на професорот од Прилеп Александар Костадиновски. Приказната е навистина уникатна и посебна а стилот на пишување на авторот е величествен, колоритен, живописен.
По тој повод денеска со почеток од 17:30ч. во село Волково, ќе се одржи промоција на книгата.
-Шангри-Ла е онаму каде ни е срцето. Никаква илузија, фантазија, реално или нереално задоволство не може да ја замени среќата на едно здраво и среќно семејство. Само времето поминато со семејството е инвестирано време, сѐ друго е лагарија, ветер во магла. Сепак, не оставајте ги Вашите патувачки кораби да гнијат во пристаништата на Вашата фантазија. Одвреме-навреме подигнете ги сидрата, распнете ги едрата и запловете во светот на мирот и спокојот. Пловете, патувајте, радувајте се, но секојпат вратете се. Вратете се зошто, Семејството е најважно – пишува Костадиноски во најавата за промоцијата на неговиот прв роман.