На 21.05.2022/сабота/ од 19.00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи промоција на книгата „Стори нешто…“
Книгата „Стори нешто…“ е омаж за животот и делото на примариус д-р Трајче Бошкоски (1943-2010). Доктор Бошкоски има значаен придонес во здравството како доктор ортопед, но и во општествениот живот во градот. Беше хуманитарец и вљубеник и во естетиката и уметноста.
За целокупниот негов придонес како примариус, хуманист, автор е на 30-ина графики и слики во масло на платно, на промоцијата ќе говорат д-р Никола Настоски, примариус Илија Јованоски, доктор Весна Пацаноска, писателката Мирјанка Селчанец, доктор Соња Зоговиќ и Слободан Беличански во името на ДНУ.
Делото „Стори нешто …“ е публикувано постхумно благодарение на посветеноста и заложбите на неговата сопруга, Љубинка Бошкоска, со поддршка на ентузијасти од стручната јавност во Прилеп.