Промоција на додипломци и магистри од Универзитет Скопје (Фото галерија)

На свечена церемонија, синоќа во Националната опрера и балет, беше промовирана новата генерација додипломци и магистри на Универзитетот Скопје.

Настанот беше исполнет со емоции, успех и достоинство и истиот заокружи едно важно поглавје во академскиот и личниот развој на студентите од Универзитет Скопје.

Ректорот Миленовски на своите студенти им се обрати со следните зборови:

,,Дипломирањето е важен камен- темелник во животот на секој студент, но не заборавајте дека вашето образование не завршува со денешниот ден. Тоа е само почеток на една нова фаза, фаза на примена на знаењето, на решавање на проблеми и на предизвиците со кои ќе се соочувате во светот. Но, знајте дека успехот нема да дојде само преку формално знаење, туку со континуирана посветеност, напор и истрајност”

-Им честитаме на сите дипломирани и магистрирани студенти и им посакуваме многу успех, храброст и визија во следните предизвици што ги очекуваат. Гордоста е наша, иднината е ваша – порачаа од Универзитетот Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.