Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје и Фондацијата Конрад Аденауер денеска ќе го промовираат веб – порталот „Изборна архива на изборите во Македонија од 1990 година до денес“. (http://izbornaarhiva.mk).
Целта е на едно место да бидат собрани сите достапни документи за изборните процеси во земјата од првите повеќепартиски парламентарни избори до денес.
На промоцијата ќе се обратат Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС и Јоханес Д. Раи, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија.
Изборната архива ги опфаќа сите изборни циклуси од 1990 до 2014 година со достапни документи групирани во седум секции: документ за објавување избори, избирачки список, кандидатски листи, резултати од избори, извештај од избори, набљудувачки извештаи од меѓународни и домашни организации и изборен законик.