Промовирана стихозбирката “Огнот во мене” од младата авторка Ивана Христова од Битола

Во градската библиотека ,,Св. Климент Охридски” во Битола, се одржа промоцијата на книгата ,,Огнот во мене” од авторката Ивана Христова. За неа зборуваа промоторите Гордана Такец и Марјан Тасевски, кој на присутните им прочита мал дел од песните, што се наоѓаат во книгата.

Книгата е во издавништво на “Графо Пром” – Битола, а рецезенти се Гордана Такец и Игор Трајковски Фоја.

Како што вели Ивана, стихозбирката содржи 30 песни создадени благодарение на испирацијата што ја добива додека ја живее младоста. Таа низ стиховите го опишува стожерот на постоењето, мудроста на животот, која ја преточува во зборови, кои во себе ја носат тежината на среќата и тагата.

Ивана Христова е ученик во ОСМУ ,,Д-р Јован Калаузи”- Битола. Таа пишува од својата 11-годишна возраст. Како основец и средношколец има учествувано и учеатвува на многу регионални и меѓународни литературни конкурси и манифрстации за проза и поезија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.