Деновиве започна препокривањето на подрачното основно училиште Манчу Матак во Славеј каде досегашните ѓерамиди ќе бидат заменети со термоизолациони панели кои ќе обезбедат далеку подобри услови од досегашните за дечињата од Славеј кои своето образование го оформуваат токму во ова училиште.
Со оваа инвестиција општина Кривогаштани продолжува со низата проекти за енергетска ефикасност на јавните објекти, што придонесува за поголема ефикасност и функционалност во работењето.
Средствата се обезбедени преку Сокотаб и општина Кривогаштани во износ од над 10 000 евра.