ПроКредит Банка отвора нова услужна единица во срцето на Прилеп

ПроКредит Банка продолжува со својата стратегија за ширење и унапредување на мрежата на филијали услужни единици низ Македонија, со отворањето на нова услужна единица во Прилеп. Новата локација, која се наоѓа во самиот центар на градот, на познатата цветна улица, ул. Илинденска бр. 41, ќе овозможи подобро банкарско искуство и зголемена достапност за клиентите.

За разлика од претходната локација, каде што беше достапна само Зона 24/7, новата услужна единица ќе понуди целосна банкарска поддршка од тим професионалци. Клиентите ќе имаат можност да добијат персонализирани финансиски совети, пристап до поголем број на банкарски услуги и да добијат каква било поддршка од вработените. Работното време на новата услужна единица ќе биде од понеделник до петок, од 08:30 до 16:30 часот.

Новата локација е опремена и со Зона 24/7, со современи банкомати кои им овозможуваат на клиентите самостојно да вршат банкарски трансакции во кое било време од денот, без разлика дали е викенд, празник или останати неработни денови. Клиентите можат да вршат уплата и исплата на денари и евра, внесување на дневен промет и користење на drop box сеф за депонирање поголеми суми на средства.

„Со отворањето на услужната единица во Прилеп, сакаме да им овозможиме поголема достапност и поголем број на банкарски услуги на нашите клиенти. Веруваме дека новата услужна единица ќе обезбеди поголема практичност и ефикасност, како за граѓаните, така и за локалните бизниси,“ истакнаа од ПроКредит Банка.

Повеќе информации за локациите и услугите на ПроКредит Банка можете да најдете на официјалната веб-страница. http://www.pcb.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.