Производи што веднаш го снижуваат високиот крвен притисок

Покрај општо познатите совети, за да ја спречите појавата на овој „тивок убиец“ ќе ви помогнат и овие „паметни“ и здрави продукти.

cimet

Ако ве мачи високиот крвен притисок секако морате да примените прехранбени навики така што пред се ќе го намалите количеството на сол и маснотии што ги внесувате и ќе го зголемите внесувањето на вода.

Покрај општопознатите совети, за да ја спречите појавата на овој „тивок убиец“ ќе ви помогнат и овие „паметни“ и здрави продукти.

Цимет – Неколку истражувања потврдија дека систоличкиот (голем) и дијастоличкиот (мал) притисок кај возрасните лица се намалува со помош на познатиот миризлив зачин – циметот. Доколку додадете по половина лажичка цимет во вашата дневна исхрана, полесно ќе го контролирате високиот крвен притисок.

Лук – Овој здрав продукт речиси веднаш го намалува висoкиот крвен притисок. Лукот делува на крвните садови така што ги опушта и ги проширува поради што крвта циркулира полесно и на тој начин се намалува притисокот. За инстант ефект и за моментално намалување на притисокот јадете свеж лук со леб или пак ставете исечкан лук во салатата или во јадењето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.