Производител на сирење од Ново Лагово и месара од Прилеп казнети од Агенцијата за храна и ветеринарство

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) продолжија со спроведување на редовни и вонредни контроли на целата територија на земјава.

Поради вршење на нерегистрирана дејност – производство на сирење, неделава во прилепското село Ново Лагово, по спроведен вонреден инспекциски надзор, индивидуален земјоделец – примарен производител на кравјо млеко е парично казнет. Наложено му е да ја регистрира дејноста производство на сирење.

Поради неводење на дневна евиденција за потрошени суровини за производство на подготовки од месо, во Прилеп, парично е казнет оператор со храна – месарница. Казна е изречена и за одговорното лице во правното лице.

По спроведени вонредни инспекциски надзори на скопскиот зелен пазар Буњаковец, казнети се физички лица поради вршење на нерегистрирана
дејност. Нештетно се уништени 8 килограми сирење, 2 килограми кашкавал, 5 пакувања мед со саќе во количина од 4,5 килограми, кои немале документ за потекло. Контрола е спроведена и во сендвичарница на овој зелен пазар каде не се утврдени неправилности.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.