Браќата Давид и Адам Наџ од Словачка, го произвеле првото безбојно кафе во светот и го нарекле CRL CFF. Оваа идеа ја добиле поради дамките кои се познаваат на забите од голема количина кафе.
Одлучиле да направат освежителен пијалок кој има идиентичен ефект како и кафето, но не влијае на забите. На прв поглед изгледа како вода, но браќата тврдат дека напитокот е направен од зрна високо квалитетно кафе, а за производство на овој пијалок се користеле методи кои претходно не биле искористени.
Ф.Г.