Кандидатката за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево, Билјана Проеска, преку објава на својот Фејсбук профил за тоа како во Турција ги дезинфицираат јавните површини, го повика и градоначалникот на Крушево, Томе Христоски да го стори истото.
Инаку во ТУрција јавните површини комуналните служби ги чистат со средства за дезинфекција и сапун, што е превентивна мерка, со оглед на тоа дека коронавирусот може да се залепи на обувките и да се внесе во домовите.