Проектот „Супер Марио“ во поддршка на старите и изнемоштени лица во Прилеп

IMG_5209

Градоначалникот Марјан Ристески го потпиша договорот меѓу Општина Прилеп и Домот за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески Платник“ за продолжување на проектот „Супер Марио“.
Со реализацијата на споменатиот проект во домашни услови, домот за стари лица „Киро Крстески- Платник”, ќе обезбеди подобрување на квалитетот на живот на стотина семејства на стари лица на возраст над 65 години, во период од 12 месеци преку директна поддршка на основните животни продукти и одржување на хигиената на нивните домови.
За имплементација на планираните активности со проектот „Супер Марио”, општина Прилеп обезбеди финансиски средства во износ од 1,2 милиони денари.

IMG_5243

IMG_5265

IMG_5216

IMG_5222

IMG_5227

IMG_5233

IMG_5241




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.