На 25.03.2024 околу 04 часот во ОВР Прилеп Б.Н.(30) од Прилеп пријавил дека било опожарено неговото патничко моторно возило „ренџ ровер” со прилепски регистарски ознаки, паркирано пред неговата куќа во Прилеп.
Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп.
Повредени лица нема.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.