Нема повеќе причини за загриженост Стјепан Вокиќ кој се грижи за Малена веќе 15 години, од кога и е повредено крилото. Сите тие години на пролет кај Малена доаѓа нејзиниот сакан Клептан и тие над куќата на Вокица, лежат над своите јајца.
Вокиќ овие денови беше загрижен за судбината на Клепетан кој никако не доаѓал, со оглед на тоа дека станува збор за штрк кој е во подмината доба, очекувал повеќе никогаш да не се појави.
Ова беше првата година во која Клептан толку доцнеше бидејќи обично доаѓа на 24 март, а само една година има 28. март.
По шест дена доцнење, Клептан сепак се појави и нешто после попладне стигна на своето одредиште.
Откако го здогледала, Малена му долетала во прегратка, а по поздравувањето со клуновите, легнал малку да се одмори.
Вокиќ пред 15 години ја пронашол ранетиот штрк кој повеќе не можел да лета на југ и и го дал името Малена, а набрзо почнал да ја посетува Клепетан.
Секоја есен Клепетан ја остава Милена и заминува на југ, а целиот регион желно ја очекува пролетта и враќањето на Клепетан.
Клепетан уредно се враќал во љубовното гнезо на својата драга која го чекала и ги одбивала сите мажјаци кои и се „додворувале“ во меѓувреме.
Инаку, Клепетан и Малена за сите овие години на свет донеле 54 потомци.