И по два дена, се уште не е најден 10-годишниот Петар кој во петокот попладнето исчезна од селото Врбско во Мариово.
Според информациите од СВР Битола потрагата продолжува, но засега нема никакви резултати. Временските услови, врнежите од снег и студеното време, ја отежнуваат потрагата.
Пределот се пребаруваше до доцна синоќа со екипи на полицијата, од граничната и од прилепската станица, со доброволци, ловџии, од спасувачката служба од Прилеп и противпожарната единица. Вчера беше вклучен и хелихоптер на МВР.
Роднините со апел за помош:
„Роднини и пријатели се тргнати да го бараат Петар, временските услови се многу лоши, патот е непрооден, на местото нема никаква Екипа. Се молат надлежните за поголема помош. Да го најдеме Петар“, се вели во фејзбук објавата.