Со 41 глас ЗА и 58 гласа ПРОТИВ денеска Законот за амнестија на осудените за настаните од 27 април не помина во Собранието на Република Македонија.
Иницијативата за поднесување на Законот беше на адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски, а предлогот го поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.
Жално е што и самата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ не беше комплетна, односно сите пратеници не гласаа ЗА Законот.
Во експресен судски процес за настанот првично беа обвинети 33 лица од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на РМ и двајца за помагање.