Со несмалено темпо продолжуваат хуманитарните акции на Општина Прилеп кои се спроведуваат во текот на овие зимски месеци. Денеска градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, посети 5 семејства од социјално ранливите категории, на кои им подели социјални пакети. Досега беа посетени поголем број семејства на кои беше доделена помош.
„Продолжуваме со програмата на локалната самоуправа да посетуваме социјално загрозени семејства како во градот Прилеп така и во другите населени места територијата на Општина Прилеп. Овој период тоа интензивно го правевме и продолжуваме и понатаму. Особено во текот на овие зимски месеци кога помошта на овие луѓе им е најпотребна. Некаде ќе биде доделена парична помош, некаде во социјални пакети. Денеска посетивме 5 семејства во различни делови од градот“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Од Општина Прилеп најавија дека овие хуманитарни акции ќе продолжат и во иднина.