Продолжуваат градежните активности во општина Кривогаштани, каде фирмата БВ Инженеринг – Битола започна со реконструкција и адаптација на општинската зграда во Кривогаштани, исто така целосно ќе се промени покривната конструкција на надградбата на општинската зграда и заедно со надворешната термоизолациона фасада ќе се добие една модерна функционална административна зграда од современ карактер.
Во тек е и промена на уличното осветлување на регионалните патишта низ територијата на општината со нови лед светилки. До сега монтирани се лед светилки во населените места Кривогаштани, Крушеани и Обршани, остануваат да се монтираат уште во населените места уште Воѓани и Бела Црква вкупно ќе бидат променети 164 лед светилки.
И трет проект кој е во тек е изградбата на нов модерен зелен и млечен пазар веднаш до новоизградениот сточен пазар, за да општина Кривогаштани го добие најмодерниот пазарен комплекс во државата.
Целокупната инвестиција на проектот изнесува 16,000,000 денари или 260.000 евра средства обезбедени преку ИПА компонента – грант за подобрување на општинските услуги.