Проданоски: “Ќе го информираме Жбогар! Jа уништуваат и пречистителната, сметките за вода се 60% повисоки, а фекалии течат во реката?” (Видео)

Денеска јавноста ќе ја информираме за уште една негрижа за општествениот имот од страна на власта и функционерите на СДСМ. Пречистителната станица во Прилеп која е дело на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и за која беа вложени околу 10 милиони евра, требаше да значи решавање на проблемот со отпадните води и да овозможи чиста и здрава животна средина. Но, изминатите денови воопшто не е така – истакна на денешната прес конференција, Дејан Проданоски, потпретседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Граѓани до општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ доставија фотографии и видео материјал, на кој се гледа дека наместо пречистена вода, од станицата излегуваат фекалии и одново се слеваат во водите на градската река.

Истото се случувало и синоќа околу 19 часот.

Прашуваме:

Дали е вистина дека поради негрижа, од 5 пумпи во пречистителната станица работи само една пумпа?

Дали директорот на ЈКП Водовод и канализација, под чија надлежност е станицата, брзајќи да ја натрупа со партиски кадри, заборави дека објектот треба да се одржува?

За ова ли граѓаните плаќаат 60% повисоки сметки за вода, иако градоначалникот им ветуваше дека ќе ги намали за 20%?

Најитно ги повикуваме Илија Јованоски и Миле Талевски, да реагираат и да го спречат ова потенцијално ширење на зараза и загадување на почвата.

Исто така го повикуваме и Инспекторатот, како и Министерството за животна средина веднаш да извршат инспекциски надзор и да проверат што се случува во пречистителната станица во Прилеп.

Ги потсетуваме дека 85% од парите за изградба на оваа станица, претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ ги обезбеди од Европската Унија.

Со фотографиите и видео материјалите со кои располагаме ќе ја запознаеме канцеларијата на ЕУ во Република Македонија, како и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Почитувани,

СДСМ се’ што фати запусти! Пред две години челниците на партијата од Прилеп заедно со Зоран Заев се фотографираа и се фалеа со овој објект како да е нивни, а денеска свесно или несвесно оставаат да пропадне.

Затоа на 15-ти јули, катастрофата наречена СДСМ што им се случува на Прилеп и Македонија ќе заврши!

Време е за ОБНОВА НА ДРЖАВАТА!”

Од партијата испратија фотографии и видео материјал:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.