Овие луѓе ги среќаваме на улица, во ресторани, во станици, но многу од нас не им посветуваме внимание. Сепак тие се трудат да заработат за живот продавајќи цвеќе и на тој начин да разубават нечиј ден.
Една од овие продавачки неодамна доживеа големо изненадување во својот живот. Едно елегантно облечено момче и пријде и ја праша колку пари е една ружа. Кога му ја кажа цената почна да му нуди попуст на количината, но набргу сфати дека момчето е решено да ги купи ружите по било која цена, па тој и остави пари за сите ружи. Единственото барање кое го имаше момчето е сите ружи да ги подели на случајни минувачи за да им го разубави денот.