Продавачката останала на подот без свест – грабеж во Битола

Вчера околу 18.15 часот  на ул. „Даме Груев“ во Битола непознат сторител со употреба на физичка сила извршил разбојништво над вработената.

policija-7

Сторителот влегол во продавницата и со дрвена рачка ја нападнал вработената, удирајќи ја по главата, при што истата паднала на подот и ја изгубила свеста. После тоа сторителот одзел 12.000 денари од дневниот промет и побегнал во непознат правец.

Вработената била пренесена во Клиничка болница Битола каде и биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.