Европската Унија економски ќе страда оваа година, тврди Мич Фајерштајн, инвеститор и економски аналитичар. Тој тврди дека една европска држава ќе биде “новата Грција”.
Оваа година ќе биде жестока за Европската унија не само поради Брегзит, туки и други земји членки ќе паднат на колена, изјави Фајерштајн за емисијата “Кајзер рипорт” на телевизијата “Раша Тудеј” (Russia Today). Националните протести во Франција, тврди тој, се само показател на она што не чека.
“Ќе видите глобални немири. Ќе видите што ќе се случи во Италија кога ЕУ ќе се обиде да им наметне мерки за штедење”, вели британско-американскиот инвеститор.
Меѓутоа, не е само Италија во опасност да тргне по патот на Грција, туку и Франција, а на тоа укажува никиот рејтинг на претседателот Емануел Макрон, високата напнатост и големите социјални нееднаквости.
The EU bubble is doomed to burst in 2019, financial analyst warns https://t.co/ej2gV6UHhR pic.twitter.com/OmpkOkF6gy
— RT (@RT_com) January 6, 2019