Преку случајна воена интервенција на мексиканската војска во Првата светска војна настанала една од најубавите туристички дестинации на денешницата – Плажата на љубовта.
Со тестирање на бомба настанал огромен кратер среде густата шума кој со текот на времето се претворил во плажа од соништата.
Во кратерот се оформила преубава песочна плажа на која преку водени тунели може да се дојди до самиот брег на морето.
Oстанатите експлозии направиле, освен плажа, и бројни тунели и прелази кои туристите со задоволство ги истражуваат.
Вентура Осорио, човек кој работи како водич на островот, го објаснува феноменот на скриена плажа.
“Во очи на Првата светска војна мексиканската војска го користела островот како полигон за тестирање на различни бомби. Оваа плажа настанала како резултат на тоа, но и поради други фактори, како што се временските услови и ерозијата на стените”, вели Осорио.