Прогласени добитниците на наградите „3-ти Ноември“

Како што беше соопштено оваа година по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат три награди за животно дело – Златна плакета. Постхумно награда за животно дело им се доделува на Драган Попоски-Дада, доајен на македонската современа скулптура, Тачко Локвенец, новинар, писател и публицист и на Илија Адамоски, истакнат општествен работник.

Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници покрај наградата за животно дело, додели и 4 плакети и 7 дипломи.

„На денешната седница на Совет беше формирана Комисија за одбележување на значајни настани, личности и празници. Веднаш после завршувањето на седницата се состана комисијата и одлучи веќе донесената одлука на комисијата од претходен состав на советници да ја измени и дополни Одлуката за доделување на награди и признанија по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп“, истакна Игор Николоски, претседател на Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници.

Награди – плакети по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на:

Младост 96, за достигнувања во областа на спортот;

Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР, за постигнати значајни резултати и достигнувања за подобар живот во локалната заедница;

Здружение за правна едуација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т Прилеп, за придонес во едукацијата и асистенцијата на граѓаните во насока на остварување на нивните права;

Фирма МИНАС Прилеп, за негување на занаетчиството;

Награди – дипломи по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп им се доделуваат на:

Георги Стале Поповски, за достигнувања во областа на книжевноста и преведувачката дејност;

Блага Тутеска, за достигнувања во областа на образованието и литературата;

Круме Пирганоски, за достигнувања во областа на образованието и информатичката технологија;

Божана Тренческа, за достигнувања во областа на литературата;

Димче Велкоски, за достигнувања во областа на воздухопловното, спортско и ракетно модуларство;

Пулексенија Јованоска, за особен придонес во промоцијата на карате спортот во светски рамки;

Јовица Нешкоски-Фризерот (постхумно), за негување на фризерскиот занает;

Како што потенцираше претседателот на Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, на објавениот конкурс за доделување на наградите „3-ти Ноември“, пристигнале 14 апликации.

Наградите на годинешните добитници ќе им бидат доделени на свечената седница на Советот на Општина Прилеп, која ќе се одржи во среда, 3-ти ноември, во големата сала на Општина Прилеп.

Оваа година се навршуваат точно 77 години од остварувањето на вековните стремежи за национална слобода, еден од најзначајните датуми за градот Прилеп – 3-ти Ноември.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.