По поразот на Србија од Швајцарија со 2-1 се огласи и портпаролката на Фудбалскиот сојуз на Албанија Јона Дервиши, која го прокоментира прославувањето на Шаќири и Џака.
Таа за Прешевската информативна агенција “Прешево Јоне” истакна дека симболот, лабанските орли, е јасна порака за Белград, но само во случај Србија да ги разбере.
– Не беше тоа нормален меч, туку утакмица за гордост. Албанските орли сокриени под Швајцарија успеаа да се издигнат и да испратат порака за Србија дека се бориме за мир, а не за војна.
Дервиши ги прокоментира и големите “успеси на албанскиот фудбал” како во државата, така и надвор од неа. Таа додаде дека сонува за “голема репрезентација”, пишува српски Телеграф.
– Длабоко во срцето, целосно верувам дека еден ден под едно знаме ќе играат сите наши фудбалери на Илирскиот полуостров, од Албанија, Македонија, а исто не можам да ја замислам таа репрезентација и без Прешевската долина, пренесува Телеграф.