Проверете си ги сметките: Започна испатата на мој ДДВ

До крајот на месецов граѓаните на своите сметки треба да ги добијат парите од „МојДДВ“. Од Управата за јавни приходи денеска информираа дека исплатата е во тек и дека заклучно со денеска исплатени се средства на 344 илјади корисници, а за обработка остануваат уште 152.543 корисници.

– Исплатата на МојДДВ е во тек и заклучно со денешен датум 19.02.2025 година, од вкупно 496.543 корисници на МојДДВ исплатени се средства на 344.000 корисници. Во наредните денови па се до крајот на месец февруари, кога е и крајниот рок за исплата на средствата за последниот квартал од 2024 година, ќе бидат обработени податоците и за останатите 152.543 корисници и средствата ќе бидат исплатени на нивните сметки. За скенирани сметки во период октомври – декември 2024 година кон корисниците на МојДДВ ќе се исплатат над 870 милиони денари по основ на МојДДВ, велат од УЈП.

Промена на податоците во однос на ажурирање на трансакциска сметка треба да извршат само оние корисници на „МојДДВ“ кои немаат исплатено средства за скенирани сметки во претходни исплати, односно во претходни тримесечја не им биле исплатени средствата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.