Поставување на технички средства за забавување на сообраќајот на улици во Општина Прилеп во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Прилеп аплицираше со проект за Поставување на технички средства за забавување на сообраќајот на улици во Општина Прилеп.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 24.07.2025 година официјалните веб страници на:
- Општина Прилеп: https://www.prilep.gov.mk
- ЕИП: www.wbprojects-mtc.mk
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Единица за Имплементација на Проект за поврзување на локални патишта
Министерството за транспорт
ПРЕЗЕМИ Известување-за-јавен-увид
ПРЕЗЕМИ Контролна Листа на ПУЖССА – општина Прилеп