ПРОБЛЕМИ ВО РАЈОТ: 1,6 милиони Бугари сакаат да ја напуштат државата

Речиси секое четврто вработено лице во Бугарија размислува да побара работа во странство. Меѓу оние 1,6 милиони кои сакаат да заминат во странство не се само млади, туку и лица кои се на возраст над 50 -60 години.

Ова го покажуваат податоците од националната анкета „Трудова миграција”, направено по нарачка на Фондацијата „Фридрих Екберт“ од бугарската агенција „Сова Харис“ во периодот од 1-8 септември.

Студијата опфати 1.000 испитаници на возраст од 18 до 64 години.

На прашањето „Дали размислувате привремено или трајно да побарате работа во странство“, позитивно одговориле 23% .

При што меѓу млади на возраст од 18-30 години позитивно одговориле, 32,8%, лица на возраст помеѓу 31-40 години – 25,7%; помеѓу 41-50 години – 20.6%; а оние на возраст од 51 до 64 години -14,6%.

Васил Тончев, извршен директор на „Сова Харис“ вели дека не само што младите луѓе си заминуваат, туку заминуваат сите.

99 отсто од испитаниците сакаат а заминат во земјите од ЕУ, а са 1 отсто, надвор од Унијата.

Главните причини за барање работа во странство се повисоките плати (95%), подобар социјален систем (50%), подобра здравствена заштита (40%) итн.

Според 38% од испитаниците, тие не би барале работа во странство ако би добиле плата помеѓу 1000 и 2000 лева (500 -1.000 евра).

Само 1% велат дека нема плата која би ги мотивирала да останат во Бугарија.

Според податоците на НСИ минатата година, работната сила во Бугарија изнесува 4 милиони 370 илјади луѓе.

Да заминат сакаат 1 милион 600 илјади луѓе, пишува Vesti.bg.

Според прогнозата на ОН, до 2050 година, населението во Бугарија ќе изнесува 5,5 милиони.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.