Секторот за внатрешни работи Тетово целосно ја расчисти тешката кражба пријавена на 6 октомври годинава од 51-годишниот Т.С. од тетовското село Јанчиште.
Од полицијата информираат дека ќе биде изготвен соодветен поднесок против неговиот 25-годишен син Р.С. согласно член 263, а во врска со член 236 од Кривичниот законик.
Р.С. се сомничи дека во изминатите три недели од металната каса во домот одзел 5.199.000 денари.