Крзнариќ ги спаси Лучанци. Вчера во Охрид на стадионот ,,Билјанини извори,, екипата на Победа го одигра вториот пријателски натпревар во подготвителниот период. Противник беше 7-мо пласираниот тим во Супер лигата на Србија Младост од Лучани, против кого прилепчани не само што беа рамноправен противник, туку по бројот на шансите може да се каже дека испуштија победа. Во многу квалитетен и борбен натпревар, со максимален ангажман на актерите кои добија шанса од двајцата тренери, мрежите мируваа и конечниот резултат на крајот беше 0-0.
Иако против себе имаа противник кој доаѓа од поквалитетната лига на нашиот северен сосед и се сретнаа екипи од два различни рангови на натпреварување, избраниците на тренерот Крстески во текот на сите 90 минути играа без нималку респект. Напротив на привидната лесна теренска надмоќност на противникот, Победа одговори со одлилна борбеност, дисциплинирана игра на секое поле од теренот, многу трка и покривање како на просторот, така и на противничките фудбалери. Волјата и желбата за надигрување со противникот, а со тоа и за наметнување на Стручниот беше присутна кај сите игтрачи во црвени дресови, за кои немаше загубена топка на теренот. Прилепчани мора и треба да жалат што во првото полувреме не ги искористија двете најзрели шанси на мечот.
Во 29-тата минута по асистенцијата на Дунимаглоски центарфорот на Победа Гешоски се најде очи в очи со голманот на Младост Крзнариќ, кој со бравурозна интервенција ја сочува својата мрежа. Само 2 минути подоцна Наумоски одлично го исфрли во празно во казнениот простор на гостите брзнио Здравески, кој откосо се најде во убава прилика, биеше прецизно во спротивниот агол на голот на Крзнариќ, кој и овојпат не дозволи да биде совладан. Според учинокот во продолжението на натпреварот може да се каже дека токму гостинскиот голман е виновникот што Победа не ја забележа и втората победа во пријателските средби (по онаа над Младост Царев Двор во првиот меч со 1-0), а Крзнариќ е најзаслужниот што српскиот суперлигаш не доживеа пораз. Крстески во првото полувреме започна со една постава, а во вториот дел беа извршени голем број на замени, но и покрај тоа не се почувствува никаков пад во играта, ни во дисциплината, залагањето, пристапот и воопшто остана истиот вепчаток, дека Победа беше поконкретниот тим, и тимот кој треба да жали за победата во оваа исклучително значајна и силна контрола на формата на тимот, во оваа фаза од подготовките.
Треба да се каже дека Победа денес беше некомплетна бидејќи отсуствуваа посериозно повредениот В.Петрески и недоволно опоравените Шаркоски и Димитриоски. Во вторник на 2-ри февруари следи ново гостување во Охрид и третиот контролен натпревар со прволигашот Металург, додека во среда на 3-ти февруари од 13 часот на стадионот со вештачка трева, спаринг партнер на 4-тата пријателска средба ќе биде третолигашот Вардар од Неготино.
Победа:Манчевски, Талески, Ристевски, Колески, КрстескиМегленски, Наумоски, Карчески, Дунимаглоски, Здравески и Гешоски. Во вторите 45 минути настапија:Јованоски, Богоески, Котески, Велјаноски, Колески, Х.Петрески, Николоски, Николоски, Тошески, Тодороски, Мирчески.