Пријателска Грција на Македонија и даде еден поен

Македонија оваа година е во финалето на Евросонг, прекрасната изведба на Тамара Тодевска не донесе меѓу 26 натпреварувачи за најдобра песна на Евровизија. Оваа година Грција, земјата пријател на Македонија на нашата земја и даде само еден поен.

Тамара на крајот од гласањето на стручните жирија беше на второто место, со само 2 бода зад Шведска.

Пресудни меѓутоа беа гласовите на публиката, од кои добивме само 58 поени, па Македонија заврши на осмото место.

Сепак, голем успех и врвен настап на Тамара Тодевска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.