Пријателите на загинатиот моторџија кај Д.Капија: Го молевме да преспие и да не вози сам

“Го молевме да преспие и да не вози сам до Кавадарци. Заедно бевме во саботата на забава во Струмица. Не успеавме да го убедиме да остане со нас.”

kosta-stojanov

фото: Фејсбук

Вака со многу тага сведочи за ДневникЃоре Абрашев од Велес, за последните мигови на 25-годишниот кавадарчанец Kоста Стојанов, кој загина на патот Демир Kапија-Неготино. Тој вечерта имал тешка сообраќајна несреќа, а неговите пријатели неколку часа го бараа преку социјалните мрежи. Тие постираа негова фотографија и бараа да им се помогне во потрагата по нивниот пријател, но, за жал, по неколку часа постираа информација дека моторџијата бил пронајден мртов.

– Изгубив многу драг другар, брат, пријател. Беше предобар, прекрасна личност, се дружевме десетина години. На никој ништо му нема згрешено, се нема скарано со никој. Се дружевме прекрасно сите што бевме присутни во Струмица, како впрочем на сите мотособири што се организираат. Ми раскажуваше дека има девојка со која е три години. Сите го молевме да не оди во тоа време, му дадов место во шатор и вреќичка, само да не си заминува во глува доба -вели тој заДневник.

Додава дека се двоумел, но одлучил да си оди, што било кобно за него.

– Пиевме онака човечки, со мерка. Неколкупати се двоумеше – да остане или да си оди. Влегов во шаторот и му реков и тој да легне да спие за да се одмори. Рече ќе поседам уште малку. После тоа, наместо да си легне, решил да си замине сам во ноќта. Жално – ни рече Абрашев. Тој нагласи дека ова е многу тешка загуба за сите.

– Многу ми е тешко и, за жал, повеќе не можам да зборувам, бидејќи нема зборови со кои би можела да се опише тагата во овие моменти. Ќе остане спомен и болка во нашите срца -додаде Абрашев, со кого Kоста ја има и една од неколкуте последни фотографии, кои на социјалната мрежа „Фејсбук“ ги сподели нивниот пријател кавадарчанецот Митко Димов.

Деталите за потрагата и каде беше пронајден Коста може да прочитате ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.