ПРИЈАВЕНИ САМО 5.000 ИСЕЛЕНИЦИ: Дијаспората може да остане само со еден пратеник

Потребниот минимум гласови за да биде избран пратеник од дијаспората е 6.400, односно колку што е потребно да се стане пратеник од Македонија во изборната единица со најмал број запишани гласачи.

dij

На девет дена до завршувањето на рокот за пријавување гласачи од дијаспората, интересот е под очекувањата. Од ДИК потврдуваат дека досега се пријавени околу 5.000 заинтересирани иселеници.

– Досега се пристигнати 4.973 електронски апликации. Од нив се прифатени 4198. Очекуваме бројката да се зголемува, а рокот истекува на 11 ноември – информираат од Државната изборна комисија.

dijaspora___sred

Партии Од македонскиот и од албанскиот блок веќе на големо ги имаат активирано своите задгранични комитети во обид да привлечат што поголем број иселеници да излезат на гласање. Но, како што дознаваме, досега најактивни се ДУИ. Нивните комитети во Европа, особено во Швајцарија, Германија и во Австрија, агитираат Албанците масовно да се пријават и да излезат на гласање на 11 декември.

Процените се дека на овие избори лесно може да се случи дијаспората да остане без ниту еден или, пак, само со еден претставник во македонското Собрание. Доколку биде избран само еден пратеник, голема е веројатноста тоа да биде кандидатот на ДУИ од Европа.

bern-1

Досега во сите изборни циклуси на кои иселениците имаа право на глас убедливо победуваа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, додека оние на СДСМ добиваа само по десетина гласови.

Опозицијата се жалеше на малиот број излезени гласачи и дека многу полесно се станува пратеник од дијаспората отколку во Македонија.

Токму затоа, со последните измени на Изборниот законик пратениците од дијаспората наместо по мнозински, ќе се избираат по пропорционален модел во една изборна единица. Потребниот минимум гласови за да биде избран пратеник од дијаспората е 6.400, односно колку што е потребно да се стане пратеник од Македонија во изборната единица со најмал број запишани гласачи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.