Принцот од Торино заминува во пензија

Kлаудио Маркизио (33) поради повpeда ја завршува професионалната фудбалска кариера, пишува “Газета дело Спорт”.

Maркизио за денеска најави прес конференција, а на јавноста ќе и се обрати од стадионот во Торино, каде седум пати славеше освојување на Скудетото во Италија.

Сепак, одличниот везен играч на Јуве, според најавите од Италија, ќе остане во соработка со црно-белите.

Маркизио ја завршува кариерата поради повpeда на коленото која го мачи веќе подолго време, а токму поради тоа го напушти и Зенит во август.

Според пишувањето на италијанските медиуми, ќе остане во стручниот штаб на Јувентус, неговиот матичен клуб, во кој помина дури 12 години.

Маркизио последната утакмица за торинскиот клуб ја одигра на 19 мај 2018 година против Верона.

За италијанската репрезентација настапи 55 пати и постигна 5 гола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.