Ракометарите на РК Прилеп го забележаа првиот триумф во новата натпреварувачка сезона во Супер лигата. Денеска на гостувањето во Куманово, прилепчани ги однесоа сите бодови во крајно неизвесен и богат со погодоци натпревар.
Во голеадата РК Прилеп беше подобар, а крајниот резултат на крајот на семафорот беше 35:36. Во првиот дел се играше изедначено, кога во еден момент домаќините направија предност од 13:10, но избраниците на Божидар Мојсов не дозволија зголемување на разликата, па на полувреме прилепчани имаа минимална предност од 14:15.
Ништо поразлично не беше ниту во вториот дел, кога се играше речиси гол за гол се до последната минута, кога при резултат 35:34 за Куманово, прилепчани најпрво израмнија, а потоа и заводија со голот на Томислав Квастек.
Во последните секунди од натпреварот, младиот голман на РК Прилеп, Михаил Ангелески, беше вистински херој, кога го сопре ударот на Димевски и му донесе цел плен на својот тим од ова тешко гостување.
За Прилеп најдобар беше Денис Шабановиќ кој постигна десет погодоци, а осум додаде Пеце Рајатоски.