Ученици од седмо одделение часот по македонски јазик го одржаа во црквата Св. Кирил и Методиј – Параклис. Од теологот Андреј Иваноски и наставничката Наташа Кулевска слушнаа многу интересни и значајни научни и теолошки податоци за сесловенски просветители и нивните ученици, за словенските азбуки глаголица и кирилица, за ширењето на словенската писменост на овие простори и како се говорел црковнословенскиот јазик.
Еден убав пример кој треба да го следат и другите педагози, и во секоја можна прилика да го користат начинот на теренска настава. Така најмладите многу полесно и визуелно ќе можат да се запознаат со предметните лекции и да научат повеќе.
Од храмот Параклис учениците биле угостени со топол чај, а од предавањето научиле многу повеќе за сесловенските просветители.