Пример кој треба да го следат СИТЕ! ВЕРО ги замрзна цените на 100 продукти, oстанува намалувањето и кај продуктите од Новогодишната кошница

Новогодишната кошничка, што траеше еден месец, а со која беа намалени цените на дел од прехранбените производи, заврши. Од денеска ќе се знае дали цените што беа намалени ќе се вратат на старо.

Од Владата во повеќе наврати испратија порака дека евентуално нечесно однесување на трговците може да повлече нови владини мерки кои би ги замрзнале цените и маржите.

Од Владата изразија надеж дека во таква ситуација особено големите ланци на маркети цените ќе ги држат на ниско ниво.

ВЕРО е првиот ланец на маркети кој сам си ги замрзна цените во наредните 6 месеци.

100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци е кампањата што ја започна ланецот на супермаркети ВЕРО за следните шест месеци. Во 100те производи се основни прехранбени производи како и средства за домаќинство и лична хигиена. Покрај новите 100 производи со замрзната цена, во ВЕРО маркетите остануваат и намалените цени на производите од новогодишната кошничка а ќе се организираат и дополнителни акции и промотивни активности со поволности за купувачите.

„Се обидуваме да помогнеме колку што можеме и оваа инцијатива е со цел да се излезе пресрет на напорите на Владата во намалувањата на цените во малопродажба. Проектот „100 производи со замрзнатите цени за шест месеци“ е наша заложба да помогнеме на нашите потрошувачи и да покажаме дека може поинаку. Оваа наша активност е само чекор плус во обидот да се стабилизираат цените кои зависат од производителите и со кои се обидуваме да најдеме заеднички јазик да не ги покачат производите во периодот што следи“, изјави Петар Денковски, директор на ВЕРО.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.