Прилеп ќе се претстави на конференцијата за авантуристички туризам во Охрид

IMG_9876

Од 10 до 12 мај на брегот на Охридското Езеро ќе се случи Првата меѓународната конференција за авантуристички туризам ,,АдвентуреНЕЏТ Балканс“. На конференцијата ќе бидат присутни  околу 300 врвни  туристички експерти како и новинари од цел свет.

IMG_9879

IMG_9875

Градот под марковите кули ќе се претстави со културно историското богатство, природните убавини, традиционалната храна  и туристичката понуда која  ќе биде промовирана низ целиот свет. Во последните години Прилеп станува центар за развој на екстремните спортови, што е реткост за Македонија и за регионот. Околината на Прилеп располага со одлични услови за равој и негување на овие спортови, особено на болдерингот. Специфичните и уникатни карпи на локалитетите Маркови Кули, Баба и Трескавец, се рај за болдеристите ширум светот и го привлекуваат вниманието на стотици болдеристи кои во изминатите години се натпреваруваат во искачување на Болдеринг маратонот “Крале Марко”.

IMG_9882

Прилеп на Меѓународната конференција „Адвентуре Неџт Балкан“ ќе ја има можноста да ги претстави убавините и можностите за развој на авантуристичките туристички потенцијали, а светските тур оператори ќе може да креираат пакет аранжмани. Со оглед на тоа дека алтернативните форми на туризам се едни од најзастапените од странците за време на нивните посети.

IMG_9870

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.