Oпштинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп синоќа во амфитеатарот во “Варош” прослави 35 години постоење. На свеченоста присутни беа премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот Aлександар Николоски.
Присутните се потсетија и на првиот Конгрес на партијата кој се одржал на 6. и 7. април 1991 год. токму во Прилеп.
Премиерот Мицкоски во својот говор потсети на се’ она што е направено во првата година од мандатот на Владата, потенцирајќи го зголемувањето на пензиите за 7.000 ден., зголемувањето на субвенциите за тутунопроизводителите, патиштата кои што се градат, вратените долгови и исплатените заостанати плати во повеќе институции и претпријатија.
Мицкоски потенцираше дека владината каса ја начекале во минус, а дека сега државното салдо овозможува да се сервисираат сите исплати со цел нормално функционирање на државата.
Мицкоски пред присутните вети дека Прилеп ќе продолжи да се развива, потенцирајќи дека државата и во иднина ќе вложува големи средства за реализација на капитални проекти во општините.