Новиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа, кој влезе во собраниска процедура предвидува казината и обложувалниците каде што се приредуваат игри на среќа, задолжително да бидат оддалечени најмалку 500 метри од факултети, универзитети, институти, библиотеки, детски градинки, домови за згрижување деца без родители и сл.
Како што пишува “Радио Слободна Европа”, oддалеченоста на просторијата до објектот каде се одржуваат игри на среќа се утврдува од границата на градежната парцела на која е изграден објектот (која е најблиску до деловната просторија) и влезот на деловната просторија во која се приредуваат игрите на среќа како најкратката хоризонтална оддалеченост, односно воздушна линија.
Овие измени се поставени како точка на собраниската седница на 29 август.