Прилеп ќе добие средства за набавка на возило и опрема за заловување на кучиња скитници

Прилеп наскоро ќе добие ново возило и опрема за заловување на бездомните кучиња и поголема контрола на популацијата на бездомните кучиња на целата територија на општината.

-Заедно со градоначалниците на останатите општини кои имаа аплицирано, го потпишавме договорот со Рамиз Реџепи, директор на Бирото за регионален развој, преку кое Министерството за локална самоуправа ѝ доделува на Општина Прилеп средства во висина од 3.500.000 денари како учество на Бирото.

Врз основа на Законот за рамномерен регионален развој, за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој за 2022 и 2023 година се склучи: Договор за реализација на проектот „Подобрување на ефикасноста за заловување на бездомните кучиња и поголема контрола на популацијата на бедзомните кучиња на територија на Општина Прилеп“.

Во наредниов период Општина Прилеп ќе ги преземе сите потребни чекори за отпочнување и реализација на овој проект, кој што со сигурност ќе придонесе многу и позитивно ќе се одрази на целокупното население на општина Прилеп – информираше денеска градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.