Прилеп ќе грми утре! ВМРО-ДПМНЕ го отвара својот нов општински комитет! Присутен ќе биде и лидерот Мицкоски!

Во Четврток 27.09.2018 во 20 часот, ќе биде присутен претседателот Христијан Мицковски во нашиот новоотворен комитет кај (старо Леоне). Поканети се сите членови на ВМРО ДПМНЕ да присуствуваат на овој свечен собир со претседателот. Со почит, ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп

Утре, 27.09.2018, со почеток од 20:00 часот, ВМРО-ДПМНЕ ќе го отвори новиот општински комитет во центарот на Прилеп.

Новите општински канцеларии се сместени од спротива на поранешниот млечен пазар, а на отварањето пристутен ќе биде и лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги покануваат сите свои членови и симпатизери да присуствуваат на овој свечен собир, од каде ќе се испрати порака против политиките на актуелната Влада.

При последната посета на лидерот на партијата во Прилеп голем број граѓани присуствуваа на средбата во старата општинска зграда, каде просторот беше претесен да ги собери поддржувачите на партијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.