Прилеп ја запиша четвртата победа – триумф со 5 гола разлика во Радовиш

Ракометарите на РК Прилеп го забележаа четвртиот триумф сезонава во Супер лигата, откако беа поуспешни од “фенерџијата” Радовиш на гостински терен.

Крајниот резултат на семафорот 24:29, епилог кој беше очекуван и секаков друг исход ќе беше неуспех. Најдобри поединци на гостувањето во Радовиш беша Димитар Димитриоски со 8, а Владан Кастратовиќ и Денис Шабановиќ постигнаа по 4 гола.

Прилеп сега на табелата има 8 освоени бода и го делат 3 бодови од горниот дел и борбата за настап во плеј-оф разигрувањето. Сезоната е долга, а досега се одиграни само 11 натпревари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.